Нови сателитски снимки: Огромен руски конвој тенкови се упатува кон Киев (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Сателитска снимка направена денеска покажува како голем број руски војници и тенкови се движат во правец на главниот град на Украина Киев на оддалеченост од 64 километри, објави приватна американска компанија.

Loading...

 

 

Снимката објавена од Maxar Technologies Inc покажува стотици воени возила кои се протегаат на повеќе од пет километри.

 

 

Loading...

Конвојот се наоѓаше североисточно од украинскиот град Иванкив и содржеше гориво, логистика и оклопни возила, вклучувајќи тенкови, борбени возила на пешадија и самоодна артилерија, рече Максар.

 

 

Сателитските снимки ја покажуваат и штетата предизвикана од неодамнешното ракетирање на аеродромот Антонов во Гостомељ и тешките борби внатре и во близина на аеродромот.

Максар со недели го следи трупањето на руските сили. Неговите снимки не можеа да бидат независно потврдени.