Албанија ќе го затвори воздушниот простор за руски авиони

Сподели со своите пријатели

Албанија вечерва ќе го затвори својот воздушен простор за сите руски авиони, освен за хуманитарни и вонредни летови, согласно препораките на Европската унија, соопшти денеска албанската министерка за надворешни работи Олта Џачка.

Loading...

Тоа го кажа Џачка во своето обраќање преку видео.

Европската унија претходно денеска одлучи целосно да го затвори воздушниот простор за руските авиони.