Што поседува Русија од оружје за масовно уништување?

Сподели со своите пријатели

Русија има три вида оружје за масовно уништување – нуклеарно, биолошко и хемиско.

Loading...

Точниот број на нуклеарно оружје не е познат.

Американските научници проценуваат дека Русија поседува околу 6.800 парчиња, додека САД имаат околу 6.100.

 

Путин нареди: „Нуклеарните сили за одвраќање да се подготват“

 

Оваа недела светот го вознемири пораката на рускиот претседател. Путин ѝ нареди на руската армија да биде во состојба на подготвеност за нуклеарно оружје поради тензиите со Западот околу Украина.

Генералниот секретар на НАТО ја нарече реториката на Путин опасна и неодговорна.

Loading...

Амбасадорот на САД во ОН рече дека тоа покажува оти рускиот претседател на неприфатлив начин го интензивира конфликтот.

Нуклеарни сили потписнички на договорот за забрана на ширење на атомското оружје се САД, Русија, Обединетото Кралство, Франција и Кина.

 

САД реагираа на одлуката на Путин за ставање во готовност на нуклеарните сили

 

Трите нуклеарни држави кои не го потпишаа договорот се Индија, Пакистан и Северна Кореја.

Во историјата на војувањето, нуклеарното оружје било користено двапати, во последните денови од Втората светска војна.

Првиот пат кога САД фрлија експлозивна направа од ураниум чие кодно име беше Little boy врз Хирошима, Јапонија. Вториот, три дена подоцна, беше кога на Нагасаки беше фрлен експлозивен уред со плутониум од типот на имплозија, со кодно име Fat Man („дебел човек“).

Loading...