Лидерите на Г7 денеска објавија дека западните сојузници одлучиле да исклучат „одредени руски банки“ од глобалниот меѓубанкарски комуникациски систем SWIFT.
Во заедничката декларација на Г7, издадена од француското претседателство, не е наведено кои руски банки ќе бидат погодени, пренесува Ројтерс.
Се додава дека наскоро ќе биде формирана трансатлантска оперативна група која ќе ги координира санкциите против Русија.