Во Украина веќе пристигнуваат првите доброволци од Хрватска за да учествуваат во одбраната на таа земја, јавува српски Блиц.
– Се наоѓаме на украинската граница со Унгарија. Одиме на фронтот за да им се придружиме на украинскиот народ и на нашите Хрвати. Знаеме дека оваа војна ќе биде тешко да се запре само во Украина – изјавил еден од нив.
Да потсетиме, како што пренесуваат медиумите во Хрватска, првите хрватски доброволци заминале на бојното поле во Украина да се борат на страната на украинската војска.
– Поголема група доброволци треба да ѝ се придружи на украинската армија за неколку дена. Имаат воено искуство од порано и полни се со морал и желба да и помогнат на украинската армија – беше објавено вчера.