Полската влада соопшти дека повеќе од 121.000 украински бегалци веќе ја поминале полската граница, повеќето преку главниот граничен премин Медика.
Срцепарателните видеа на Ројтерс го покажуваат стравот и вознемиреноста на лицата на бегалците кои пристигнуваат во Полска, но и солзите и плачот не само на децата, туку и на нивната придружба.
Украинците кои во голем број ја напуштаат земјата по почетокот на руската инвазија во четвртокот, беа принудени да чекаат повеќе од 60 часа во долги редици за да преминат во соседна Полска.
На сите од Украина им е дозволен влез, дури и на оние кои немаат валидни пасоши, соопштија полските власти.
Украинските бегалци, главно жени со деца, чекаат со часови да добијат печат на полска граница или документ за да поминат, има недостиг од храна на преминот меѓу Украина и Полска и голем студ во регионот. Поради хаосот на границата, волонтерите делат вода, храна и топла облека.
Да потсетиме, ова е четврти ден од руската инвазија на Украина, а ОН предупредуваат дека пет милиони луѓе би можеле да ги напуштат своите домови.
Помеѓу еден и три милиони украински бегалци ќе се најдат само во Полска, а останатите два милиони ќе пребегнат во околните земји, изјави Афшан Кан, регионален директор на УНИЦЕФ за Европа и Централна Азија.
Сите деца во Украина – најмалку 7,5 милиони помлади од 18 години – се изложени на сериозен ризик од физичка повреда, тежок емоционален стрес и раселување по ескалацијата на непријателствата во текот на ноќта, исто така, рече Save the Children.
Plač djece i odraslih, strah i uznemirenost na licima izbjeglica koje pristižu u Poljsku
(Medyka,Przemysl //Reuters) pic.twitter.com/brce2cr2Q7— TV N1 Sarajevo (@N1infoSA) February 27, 2022