Макрон разговараше со Лукашенко: Тема – нуклеарно оружје и можност за негово распоредување во Белорусија

Сподели со своите пријатели

Телефонски разговараа претседателите на Белорусија и Франција, Александар Лукашенко и Емануел Макрон

Loading...

Тие разговарале за вмешаноста на Белорусија во ситуацијата во Украина, иднината на Европа и местото на Белорусија во неа, како и за односите меѓу Белорусија и Русија, пренесува Белта.

Тие разговарале и за нуклеарното оружје и можноста за нивно распоредување во Белорусија.

Лукашенко тоа го нарекол лажно и додаде дека доколку „на народот на Белорусија не му се заканува, не може да се зборува не само за нуклеарно, туку и за конвенционално оружје“.