Папата Франциско денеск телефонски разговараше со претседателот на Украина и му изрази најдлабоко сочувство, објави на Твитер украинската амбасада во Ватикан.
„Папата Франциск денеска телефонски разговараше со претседателот на Украина. Светиот Отец изрази длабоко сочувство за трагичните настани што се случуваат во нашата земја“, соопшти амбасадата.
Зеленски во твит напиша дека му се заблагодарил на папата за неговите молитви, додавајќи дека „украинскиот народ ја чувствува духовната поддршка на неговата светост“.
„Му се заблагодарив на папата Франциско што се молеше за мир во Украина и за прекин на огнот. Украинскиот народ ја чувствува духовната поддршка на неговата светост“, напиша Зеленски на Твитер.
Thanked Pope Francis @Pontifex for praying for peace in Ukraine and a ceasefire. The Ukrainian people feel the spiritual support of His Holiness.
— Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) February 26, 2022