Двајца дански новинари се ранети денеска од истрели во североисточна Украина, но не се во животна опасност, објави нивниот работодавец.
Репортерот Стефан Вајчерт и фотографот Емил Филтенборг Микелсен биле ранети од куршуми додека известувале за дански дневен весник во близина на градот Охтирка, на околу 50 километри од руската граница, објави данскиот весник „Екстра Бладет“.
Тие биле во возилото со панцири
И покрај тоа што носеле панцири, тие биле ранети додека биле во возилото од истрели за кои не се знае од каде било пукано.
„Двајцата беа брзо пренесени во болница и се надвор од животна опасност“, пишува весникот.
Весникот додава дека е во контакт со данското Министерство за надворешни работи и друга компанија со цел да ги евакуира од Украина.