Украински медиуми: Погодена детска болница, едно дете загина, 4 се повредени

Сподели со своите пријатели

Според Киев Индипендент, Русите удриле во детска онколошка болница во Киев. Едно дете загинало, две деца и двајца возрасни се повредени.

Loading...

Да потсетиме, руски ракети во петокот погодија и детска градинка во градот Охтирка, во североисточна Украина во областа Суми.

Дмитриј Кулеба, министерот за надворешни работи на Украина, тогаш изјави дека руските напади врз градинките и сиропиталиштата се воени злосторства и дека го прекршиле Римскиот статут на Меѓународниот кривичен суд.