Украинците уништија руски конвој во близина на Киев (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

На социјалните мрежи беше објавено видео на кое се гледа уништениот руски конвој во близина на Киев рано утринава.

Тешка борба сѐ уште трае за Киев

На третиот ден од руската инвазија се води тешка битка за Киев, одекнуваат експлозии и се слушаат истрели и во градот и во околината.

Најжестоките борби моментално се водат во Василков, град на 30 километри јужно од главниот град.

Рускиот претседател Владимир Путин ги повикува украинските вооружени сили да ја преземат власта во земјата, додека десетици илјади Украинци се обидуваат да побегнат.

На жителите на Киев им беше кажано да подготват молотови коктели, а претседателот Володимир Зеленски пркосно се фотографираше на градските улици.