Колона руски тенкови се упати кон Харков (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Голема колона руски тенкови се упати кон границата кај Харков, јавува Си-Ен-Ен.

На руската војска и е наредено да ја прошири својата офанзива во Украина, и покрај зголемените меѓународни критики, тврдејќи дека Киев ги отфрлил преговорите.

„Денес на сите единици им беше наредено да ја прошират офанзивата во сите правци, во согласност со планот за напади“, изјави портпаролот на Министерството за одбрана Игор Конашенков, додавајќи дека проруските сепаратисти во источна Украина, поддржани од руската војска, пријавиле војска „успеси“.