За време на полицискиот час, кој е на сила од 17 часот по локално време, улиците на Киев, главниот град на Украина се празни, јавува Anadolu Agency (AA).
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, претходно денеска изјави дека полицискиот час ќе трае од 17 до 20 часот.
Тој предупреди дека сите цивили кои ќе бидат на улица за време на полицискиот час ќе се сметаат за членови на непријателските разузнавачки и диверзантски групи и побара од жителите на Киев да ја разберат ситуацијата и да не ги напуштаат своите домови.
Интензивни судири меѓу руските и украинските сили траат веќе трет ден. Во некои делови на главниот град до утрото се слушаа звуци од пукотници и експлозии.
Руските војници се обиделе да влезат во градот од улицата Победа на западниот влез на Киев.

