Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, најави дека од сабота навечер ќе воведе полициски час, кој ќе трае од 17 до 08 часот.
– Заради поефикасна одбрана на главниот град и безбедност на неговите жители. Полицискиот час ќе трае до утрото на 28 февруари. Сите цивили на улица за време на полицискиот час ќе се сметаат за членови на непријателските диверзантски и извидувачки групи. Ве молиме третирајте ја ситуацијата со разбирање и не излегувајте надвор – се наведува.

