CNN: Русите испраќаат ракетен систем ТОС-1 во Украина (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Си-Ен-Ен објави видео од Русија на кое е прикажан исклучително моќен ракетен систем ТОС-1. О

вој ракетен фрлач е на камионот и, како што пишува Си-Ен-Ен, се движи кон Украина.

ТОС-1 е ракетен систем поставен на шасијата на тенковите Т-72 кој истрелува термобарични ракети и првпат се користеше за време на советската војна во Авганистан, а неодамна беше користен и во Сирија.

Станува збор за ракети кои на местото каде што паѓаат предизвикуваат огромни пожари кои горат голема површина.

TOS-1 е дизајниран да уништува непријателски бункери и лесни оклопни возила.