Киргистан ја поддржа руската инвазија на Украина

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Киргистан Садир Запаров денеска во телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин ја изразил својата поддршка за руската воена операција во Украина, соопшти Кремљ.

Во соопштението се наведува дека Жапаров посочил дека Киев е одговорен за поткопување на договорите од Минск и изразил поддршка за „одлучните акции на Русија со цел заштита на Донбас“, пренесува Тас с.

Тој додаде дека Путин му се заблагодарил на својот киргистански колега за неговата „принципиелна позиција на солидарност“.

„Страните ја потврдија својата посветеност за зајакнување на сеопфатното стратешко партнерство и сојузничките односи“, се вели во соопштението.