82 украински војници од „Змискиот остров“ се предале на Русија (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

На снимката се гледа како војниците се симнуваат од бродот и вадат шишиња со вода.

Потсетуваме, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека сите војници кои го чувале Змискиот остров на Црното Море се мртви и додаде дека постхумно ќе им оддаде почит на загинатите.

Истите војници пристигнале во Севастопол, изјави заменик-командантот на руската Црноморска флота, генерал-мајор Михаил Јасников.

Вкупно 82 војници на вооружените сили на Украина кои и се предале на руската армија пристигнале на Крим со реморкерот на Шахтјор.

Како што велат, тие го положиле оружјето за време на преговорите.

„Морнарите на Црноморската флота со почит ја прифатија одлуката на украинските граничари. “, рече Јасников.

Како што прецизираше, откако ќе завршат сите процедури, украинските војници ќе се вратат кај своите семејства.