Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека е убеден оти руската воена интервенција во Украина ќе потрае и предупреди дека тоа може да има сериозни последици за Европејците.
„Војната се врати во Европа. Оваа војна беше избрана еднострано од Путин и ќе трае. Кризата што војната ја носи со себе ќе има долготрајни последици. Мораме да се подготвиме да бидеме одлучни, но и да бидеме солидарни“, Макрон кажа.
Обраќајќи им се на учесниците на земјоделскиот саем во Париз, францускиот претседател рече дека производите, од виното до житариците за извоз и цените на енергијата, ќе бидат погодени од руската инвазија на Украина, пренесе АП.
Тој рече дека се подготвува „план за отпорност“, но не даде дополнителни детали.
Европската унија, заедно со САД и некои други земји, воведоа санкции против Русија.

