Володимир Зеленски ѝ се обрати на нацијата преку телефон од центарот на Киев.
Видеото е снимено утрово и е објавен профил на украинскиот претседател.
Тој изјави дека не ја повикал украинската армија да го остави оружјето и дека одбраната ќе продолжи.
Претседателот на државата ја отфрли американската понуда за евакуација, инсистирајќи на тоа дека ќе остане.
„Борбата е тука“, рече тој.
Видеото го насловил „Не верувај во лаги“, а обраќањето заврши со „Слава на Украина!“
– Сега на интернет се појавија многу лажни информации дека наводно ја повикувам нашата украинска армија да го остави оружјето и дека евакуацијата е во тек. Тоа значи: Јас сум тука, нема да го положиме оружјето, ќе ја браниме нашата држава, бидејќи нашето оружје е нашата вистина. Нашата вистина е дека ова е наша земја, наша земја, наши деца и сето тоа ќе го браниме. Ова сакав да го кажам. Слава на Украина! – рече Зеленски.
Не вірте фейкам. pic.twitter.com/wiLqmCuz1p
— Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) February 26, 2022