Куќа лоцирана на булеварот „Трета Македонска ударна бригада“во Куманово вчера била зафатена од пожар.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во период од 12:50 до 13:40 часот интервенирале четворица пожарникари со едно противпожарно возило.
Нема информации за повредени.
Во текот на вчерашниот ден кумановските пожарникари интервенирале и на запалена сува трева кај Поток Серава во период од 14:45 до 15:10 часот.
Никола Ивановски

