Европската унија се согласи да ги замрзне имотите на рускиот претседател Владимир Путин и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров како дел од другите санкции, изјави министерот за надворешни работи на Латвија.
Ова го потврди шефот на дипломатијата на Европската унија, Жозеп Борел.
Одлуката за замрзнување на имотот на Лавров и Путин укажува дека западните сили се движат кон воведување мерки без преседан во обид да ја запрат инвазијата на рускиот сосед Украина и поголема војна во Европа, наведува агенцијата АП.
Летонскиот министер за надворешни работи, Едгарс Ринкевиќ, во порака на Твитер рече дека министрите за надворешни работи на ЕУ „донесоа втор пакет санкции“ и додаде дека замрзнувањето на имотот ги вклучува рускиот претседател и министерот за надворешни работи на земјата.