Приклучувањето на Финска и Шведска во НАТО би имало „политички и воени последици“, изјави попладнево портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захаров.
Loading...
– Јасно е дека влезот на Финска и Шведска во НАТО, кој е воен сојуз, би имал сериозни воено-политички последици, што пак би барало одговор од нашата земја – рече Захарова.
На самитот на НАТО денеска ќе учествуваат Финска и Шведска, како и ЕУ. Единствена тема на средбата е рускиот напад врз Украина.
Финска и Шведска се сметаат за многу блиски партнери на НАТО, но овие земји не се членки.
Оваа вест ги шокираше Финците на социјалните мрежи.