Комитетот на министри на Советот на Европа одлучи да ја исклучи Русија од членството во таа организација, изјави министерот за надворешни работи на Русија, Луиџи ди Мајо.
– Комитетот на министри на Советот на Европа, со кој претседава Италија, одлучи да ја исклучи Русија од своите редови, водејќи се од членот 8 од својата повелба. Италија смета дека тоа е неопходна мерка во светло на неприфатливата воена агресија на Русија против Украина, што е сериозно кршење на меѓународното право – изјави Луиџи ди Мајо.
Претходно, премиерот на Полска, Матеуш Моравјецки, објави дека Советот на Европа по иницијатива на неговата земја и Украина ја покренал процедурата за суспендирање на членството на Русија во таа организација.