Запален штабот на Тајната служба на Украина, уништени повеќе од 30 руски тенкови (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Тешки битки меѓу украинските и руските сили се водат околу огранокот Чернихив во северна Украина, потврди украинскиот претседател Владимир Зеленски.

Loading...

Чернихив се наоѓа на околу 105 километри северно од главниот град Киев.

 

 

Си-Ен-Ен јави дека е запалено регионалното седиште на Службата за безбедност на Украина, а сведокот кога контактирал со тој медиум рекол дека пожарот сѐ уште не е локализиран.

Руското Министерство за одбрана призна дека во областа се водат борби, велејќи дека руските сили ја „завршиле блокадата на градот Чернихив“.

 

Loading...

 

Украина соопшти дека нејзините сили им нанеле големи загуби на руските војници околу Чернихив, уништувајќи повеќе од триесет тенкови.

Претходно денеска, началникот на украинските вооружени сили, Валериј Залужни изјави дека украинската армија успеала да ја одржи одбраната и одбила да ги пробие руските војници во Чернихив.