Папата Франциск денеска ја посети руската амбасада во Ватикан за да му ја пренесе на рускиот амбасадор својата загриженост за рускиот напад врз Украина.
Портпаролот на Ватикан, Матео Бруни, рече дека папата поминал повеќе од половина час во амбасадата, пренесе Ројтерс.
„Тој отиде да ја изрази својата загриженост за војната“, рече Бруни, одбивајќи да даде повеќе детали за посетата и за што друго се разговарало.
Тој не сакаше да ги коментира ниту наводите на аргентинските медиуми, според кои Папата понудил Ватикан да биде посредник во мировните преговори.
Рускиот амбасадор Александар Авдеев ги демантираше овие наводи на аргентинските медиуми, јави агенцијата ТАС С, на која се повикува Ројтерс.
Тој за РИА Новости изјави дека средбата траела околу 40 минути и дека папата изразил загриженост за хуманитарната ситуација во Украина.
Авдеев додаде дека папата повика на заштита на децата, болните и луѓето кои страдаат, воопшто, и заштита на сите луѓе“.