Марш за прекин на војната во Украина пред руската амбасада во Скопје (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Марш против рускиот напад врз Украина денеска се одржа во Скопје, а освен голем број Украинци кои моментално живеат во државата, им се приклучија и македонски граѓани.

На мирниот протест кој започна од плоштадот „Македонија, а заврши пред руската амбасада во Македонија, се скандираше „Путин Фашист“.

– Сакаме сите да знаат што се случува сега во Украина и што прави Путин таму. Киев е опкружен со војска, ситуацијата е многу лоша, навистина лоша, велат учесниците во протестот.