Додека руските сили напредуваат кон Киев, украинските власти ги повикуваат граѓаните да направат се што е во нивна моќ за да се спротивстават на трупите кои доаѓаат.
И Министерството за одбрана и Министерството за внатрешни работи апелираа до жителите на Киев „да информираат за движењето на војниците, да направат молотови коктели и да го неутрализираат непријателот“.
На страницата на МВР на социјалните мрежи е објавен леток со упатства како да се направат молотови коктели, објави Би-Би-Си.
Советникот на МУП, Вадим Денисенко, рече дека 18.000 машински пушки биле „поделени на сите доброволци во Киев, на сите кои сакаат да го бранат нашиот главен град со оружје во рацете“.
„Украинската воена опрема сега влегува во Киев со цел да ја одбрани. Ги молам сите жители на Киев да не го снимаат, не го снимаат неговото движење. Тоа е неопходно за да се заштити нашиот град“.

