Партијата Слуга на народот на украинскиот претседател Владимир Зделенски објави дека побарал преговори со Русија бидејќи Украинците сами ја бранат својата земја.
Претставничката на таа партија Јелена Шуљак изјави дека слугата на народот сè уште не ги гледа чекорите на Западот кои би можеле да ја натераат Русија да запре – затворање на небото, исклучување на Русија од SWIFT, ембарго на нафта и запирање на извозот од Русија, пренесува UNIAN. .
„Но, Западот не го прави тоа. Да, тие воведоа нови санкции кон Русија. Но, тоа не е доволно. Ние сами ја браниме нашата земја“, се вели во соопштението на Телеграм.
Се додава дека е очигледно дека е потребно итно завршување на војната и оти Зеленски меѓу другото предложил преговори.
Украинскиот претседател Владимир Зеленски денеска го покани рускиот претседател Владимир Путин на преговори.
Одговорот дојде брзо – портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека Путин е подготвен да испрати руска делегација во Минск на преговори со Украина.

