Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска апелираше до ЕУ да дејствува побрзо и посилно во воведувањето санкции кон Москва поради нападот врз Украина и ги обвини западните сојузници дека ја политизираат ситуацијата додека руските сили напредуваат кон Киев, пренесува Ројтерс.
„Европа има доволно сила да ја запре оваа агресија. Сите опции треба да бидат на маса, вклучително и забрана за Русите да влезат во Европската унија, преку исфрлање на Москва од системот SWIFT, до ембаргото за нафта“, рече Зеленски во изјавата. .
Тој додаде дека „агресијата сè уште може да се запре“ и рече:
„Треба да дејствувате брзо.“
Во денешните разговори со светските лидери, украинскиот претседател Володимир Зеленски бара уште поостри санкции против Русија поради воената операција на земјата во Украина.

