Зеленски го повика Путин на преговори!

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Владимир Зеленски го повика рускиот претседател Владимир Путн да преговара за ситуацијата во Донбас.

Русија започна воена операција „демилитаризација на Украина“ во четвртокот рано наутро, на 24 февруари.

Во телевизиско обраќање до Русите, претседателот Владимир Путин рече дека околностите „од нас бараат решителна и итна акција, народните републики во Донбас побараа помош“.

Според него, целата одговорност за крвопролевањето ќе биде на совеста на режимот во Киев. Тој ја повика украинската армија да не ги почитува криминалните наредби, да го остави оружјето и да си оди дома.