Руската армија ја презеде контролата врз поранешната нуклеарна централа во Чернобил во Украина, соопшти денеска Министерството за одбрана на Русија.
Како што се наведува, Чернобил бил „обезбеден“ и со тоа спасен од „групи на националисти и други терористички организации“ кои можеле да предизвикаат „нуклеарна провокација“.
Нивото на радијација во зоната на Чернобил е во вообичаените граници. Во обезбедувањето на нуклеарната централа ќе бидат вклучени руски падобранци.
Во поширокото соопштение на руското Министерство за одбрана се истакнува дека војниците напреднале во регионите Доњецк и Луганск и дека околу 150 украински војници се предале.
Уништени се десетици воени бази и возила. Украинската армија на Фејсбук тврдеше дека држела редови во Доњецк и Луганск и дека ги потиснала руските трупи во други сектори.

