ЛАВРОВ: Сакаме да ја ослободиме Украина од угнетувањето на нацизмот

Сподели со своите пријатели

Русија одлучи да спроведе специјална воена операција за Украинците, „ослободени од угнетувањето на нацизмот, слободно да одлучуваат за својата иднина“, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Тој на состанокот со министерот за надворешни работи на самопрогласената ЛНР и првиот заменик министер за надворешни работи на самопрогласената ДНР рече дека рускиот претседател Владимир Путин одлучил да спроведе специјална воена операција за демилитаризација и деназификација на Украина, пренесува РИА Новости.

Лавров рече дека Западот го негира фактот, како што рече, „очигледен геноцид“ во Украина.