Бобан Николовски поднесе оставка од функцијата член на Совет на Општина Куманово

Сподели со своите пријатели

Бобан Николовски од ВМРО-ДПМНЕ од денеска нема да ја извршува функцијата советник во Советот на Општина Куманово, откако останатите советници ја изгласаа неговата оставка.

Тој заминува од функцијата советник, поради судир на интереси, откако стана в.д. директор на ЈП „Куманово план“.

На неговот место веројатно ќе дојде советникот Мирослав Тричковиќ од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, односно од партијата ДПСМ.