Започна битката за Киев: Русите влегоа во предградието на престолнината

Сподели со своите пријатели

Според украинските власти, Русите влегле во областа Оболон, на околу 10 километри од центарот на Киев.

Loading...

Украинската армија тврди дека вооружените сили биле ангажирани во борбите во предградијата на главниот град Киев во Димер и Иванкив, каде напредувале голем број руски оклопни возила.

Властите ги повикаа луѓето да останат во своите домови.

Руските сили цела ноќ го гранатираа Киев. Русите рано утрото заплениле две украински воени возила, облекле украинска униформа и се упатиле кон центарот на Киев.

 

НАЈНОВИ СНИМКИ: Руски тенкови на улиците во Киев (ВИДЕО)

 

По нив следела колона руски воени камиони, објави Киев независно, повикувајќи се на Министерството за одбрана на Украина.

Loading...

Сирените за тревога се огласија во Киев, а се очекуваат и силни воздушни напади.

Си-Ен-Ен јави дека во Киев околу 5.40 часот се слушнале најмалку три експлозии. Се претпоставува дека тие одекнале во југозападниот дел на градот.

Нешто повеќе од еден час претходно, советникот на министерот за внатрешни работи на Украина, Антон Герашченко, на Твитер објави дека извршил напад врз Киев со крстаречки или балистички ракети.