Обвинителот на Меѓународниот кривичен суд Карим Кан вели дека Трибуналот би можел да истражува можни воени злосторства во Украина.
„Внимателно ги следам настаните во Украина со зголемена загриженост“, рече Кан во изјавата, пренесува Ројтерс.
Тој ги потсети сите страни вклучени во воените дејствија на територијата на Украина дека неговата канцеларија може да ја врши својата јурисдикција и да истражи каков било акт на геноцид, злосторства против човештвото или воени злосторства извршени во Украина.
По руската анексија на Крим во март 2014 година и последователните борби во источна Украина меѓу проруските сили и украинската војска, Киев ја прифати јурисдикцијата од Меѓународниот кривичен суд за злосторства против човештвото и воени злосторства извршени на негова територија од февруари 2014 година.
Во декември 2020 година, обвинителството објави дека има причина да верува дека воени злосторства и други злосторства биле извршени за време на конфликтот во источна Украина, прелиминарната истрага е завршена, но официјалното барање до судиите да отворат целосна истрага сè уште не е поднесена.
Русија не е членка на МКС и се спротивстави на покренувањето на случајот пред овој суд, но може да ги истражи наводните воени злосторства и злосторства против човештвото извршени на територијата на Украина, без оглед на националноста на наводните сторители, наведува Ројтерс.

