– За време на воената операција, руските вооружени сили онеспособиле 118 воени објекти на украинската воена инфраструктура, вклучително 11 воени аеродроми, 13 командни и контролни центри и комуникациски центри, 14 системи за противвоздушна одбрана С-300 и Оса и 36 радарски станици – соопшти Министерството за одбрана на Русија.
Loading...
Како што се наведува, соборени се 5 борбени авиони, 1 хеликоптер и 5 беспилотни летала, уништени се 18 тенкови и други борбени оклопни возила, 7 повеќецевни ракетни фрлачи и 5 борбени чамци.
За време на непријателствата, повеќе од 150 војници на различни безбедносни сили на Украина го положиле оружјето и се предале.