Без вода четири локации во Куманово

Сподели со своите пријатели

Четири локации во Куманово се без вода денеска поради дефекти на водоводната мрежа.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, прекини во водоснабдувањето има на „Романовски пат“ ( Муслимански гробишта), улицата „205“ во населбата Карпош, како и улицата „Тоде Мендол“.

Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите.

Во меѓувреме се врши чистење на сливни решетки и подготовка за испуштање на индустриски вод Ф250.

Никола Ивановски