Зеленски: Русија со ракетни напади продолжи во 4 часот

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија продолжила со ракетните напади во петокот, во четири часот наутро, но и дека руските трупи биле запрени да напредуваат во повеќето правци, пренесе Ројтерс.

Во телевизискиот говор, Зеленски рече дека руските напади биле насочени и кон воени и кон цивилни цели.

Во четири часот наутро се огласија сирените во украинскиот град Лавов.

 

Украинските сили разнесоа мост за да спречат напредување на Русите

 

Би-би-си ја пренесе веста на украинскиот портал „Украинска правда“, кој објави дека украинските воени сили го уништиле мостот кај Иванково на периферијата на Киев, за да спречат руски тенкови да напредуваат понатаму во градот.

Во исто време, американската амбасада во Киев ги повика сите американски граѓани во Украина итно да ја напуштат таа земја, со секаков вид превоз.