Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и потопло со мала локална облачност и слаб ветер од северозападен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Максималните температури ќе се движат во интервал од 8 до 18 степени целзиусови.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од западен правец. Утринската температура ќе се движи околу еден степен под нулата, додека максималната дневна ќе достигне 13 степени целзиусови.

Во сабота во кумановско ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен, односно северозапден правец. Температурата ќе се движи од три степени во утринските часови до максимални 11 во текот на денот.

Ноќта кон недела се очекува дополнително зголемување на облачноста што ќе услови врнежи од дожд.
Во недела ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од северне, односно северозападен правец. Утринската температура ќе се движи околу еден степен над нулата, а максималната дневна се очекува да достигне девет степени целзиусови.

Врнежите се очекува да се задржат и на почетокот на следната работна недела, по што ќе следува сончево и стабилно време, но со минусни утрински температури.
Никола Ивановски

