Американката Чеси Меј останала со премногу опуштена кожа откако изгубила 108 вишок килограми. Таа сè уште го сака своето тело и објавува позитивни пораки на ТикТок.
Останувам со купишта опуштена кожа откако ослабав 108 килограми, трол сум, но го сакам своето тело, вели Американката Чеси Меј.
Иако ѝ останала многу опуштена кожа откако изгуби премногу вишок килограми, таа објасни колку го сака своето тело. Меј редовно ги објавува своите позитивни пораки на ТикТок каде има 230.000 следбеници.
– Ова е моето тело откако изгубив над сто килограми. Не мора да ви се допаѓа. Го сакам и тоа е единственото нешто што е важно “, рече таа, покажувајќи ја својата опуштена кожа.
Чеси објасни дека се здебелила откако се свртела кон храната за утеха кога не се чувствувала добро, кога менталното здравје и се влошувало.
– Му го направив ова на своето тело, дозволив моето ментално здравје да излезе толку од контрола што користев храна за да ги надминам тешкотиите – вели Меј.
View this post on Instagram
За да се справи со вишокот килограми, таа направила баријатриска операција која направила голема разлика во нејзиниот изглед. Научила и како да се ослободи од лошите навики во исхраната.
– Научив да се справувам со психичките проблеми без храна, го променив начинот на живот за да не ми се повтори ова. Се држам до новиот план и имам неверојатен систем за поддршка што ми помага на патот“, рече таа.
Чеси Меј сега планира да го отстрани вишокот кожа, но мора да ги собере парите што и се потребни за три до четири неопходни операции бидејќи тоа не е покриено со нејзиното осигурување.
@mrschessiemay #chessiemay #SoFiBreakUpChallenge ♬ Captain (whistle) – Nutcase22
Таа се сретнала со хирургот во јануари годинава за да дознае што ќе биде потребно.
– Хирургот ми даде до знаење дека ќе ми требаат 3 до 4 операции за затегнување на целата кожа. Првата би била паникулектомија и зголемување на градите. Операцијата во првиот круг ќе трае пет часа. Ќе треба да ме исечат од средината на градниот кош до карлицата, а потоа од колк до колк и целата кожа да биде повлечена и затегната. Осигурувањето ќе покрие само дел. За жал, ми треба сѐ, ослабев премногу и нема начин да ја вратам еластичноста на мојата кожа – истакнува Меј.
Chessie ја отвори и страницата GoFundMe за да собере околу 67.000 долари потребни за процедурите. Во моментот на објавување, веќе има собрано околу 40 илјади.
@mrschessiemay #duet with @mrschessiemay just over half way! You guys are amazing!#chessiemay #LaysGoldenDuet #gofundme #skinremovalsurgery #looseskin ♬ original sound – southpresscoffee