Путин мора да сфати дека и НАТО има нуклеарно оружје, вели Франција

Сподели со своите пријатели

Шефот на француската дипломатија рече дека Владимир Путин, кога се заканува со нуклеарно оружје, мора да разбере дека и НАТО е нуклеарна сила.

Сепак, тој додаде дека НАТО нема намера воено да интервенира во одбраната на Украина.

На прашањето на новинарите Жан-Ив Ле Дриан дали заканата на Путин за „последици кои никогаш не се видени во историјата“ е всушност закана за употребата на нуклеарно оружје, министерот рече дека тоа е така сфатено.

„Но, мислам дека Владимир Путин треба да разбере дека НАТО е исто така нуклеарен сојуз. Тоа е сè што ќе кажам за тоа“, изјави Ле Дриан за француската телевизија TF1 денес.

„Санкциите ќе бидат поефикасни од воената интервенција“

Да потсетиме, Путин утринава изјави дека Русија веднаш ќе одговори доколку некоја надворешна сила се обиде да се меша во нејзините активности.

Украина не е членка на НАТО и алијансата не е обврзана да и обезбеди воена заштита.

Кога новинарите прашаа зошто земјите-членки на НАТО кои во последните децении интервенираа воено во земји кои не се членки; како Авганистан, Либија и поранешна Југославија, против испраќање војници во Украина, Ле Дриан рече дека Украина не ни бара такво нешто.