Потресни сцени од Харков: Луѓе со деца и миленици се собраа во засолништата (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Граѓаните на Харков, вториот по големина украински град, се засолниле од евентуален руски воздушен напад на метро станицата.

Тие се собраа под земја со своите деца, миленичиња и багаж, откако Русија рано утринава изврши напад – што се проценува дека е најголемиот напад врз европска земја од Втората светска војна.

– Луѓето се засолниле на метро станицата во Харков, вториот по големина град во Украина, додека Русија продолжила да ја напаѓа земјата. На видеото се гледаат сцени внатре во станицата, која служи како засолниште од бомби – се наведува во објавата на Твитер.

Откако Путин во сред ноќ најави специјална воена операција, а рано утринава ја нападна Украина, граѓаните на Киев и Харков почнаа набрзина да го напуштаат градот.

Од раните утрински часови имаше метеж на бензинските пумпи и пред банкоматите, како и колони возила на патиштата кои водат кон излезот од градот.