Со новите санкции на ЕУ ќе биде опфатена и Белорусија

Сподели со своите пријатели

Лидерите на ЕУ се согласија за дополнителни рестриктивни мерки кои ќе предизвикаат „огромни и тешки последици за Русија поради нејзините постапки“.

Овие санкции го вклучуваат финансискиот сектор, енергетскиот и транспортниот сектор, стоките со двојна употреба, како и контролата на извозот и финансирањето на извозот, визната политика, дополнителните списоци на руски физички лица и новите критериуми за вклучување на листата, според заклучоците на Европската Советот во Брисел.

Во документот објавен во Брисел се наведува дека Советот на ЕУ без одлагање ќе ги усвои предлозите што ги подготвија Европската комисија и шефот на дипломатијата на ЕУ.

Во исто време, Европскиот совет повикува на итна подготовка и усвојување на натамошен пакет индивидуални и економски санкции, во кој ќе биде вклучена и Белорусија.