Соединетите Американски Држави го протеруваат советникот-претставник на руската амбасада од Вашингтон како одговор на одлуката на Русија да го протера заменик-амбасадорот Барт Горман од американската дипломатска мисија во Москва, соопшти Стејт департментот за Спутник.
Ова е втора најважна функција по амбасадорот.
– Подготвени сме да потврдиме: САД ја известија руската амбасада да го протера советникот-претставник. Ова е директен одговор на неиспровоцираното протерување на заменик-шефот на нашата мисија од страна на Русија, кој има уште две недели да си замине, иако не го завршил тригодишниот мандат – изјави висок дипломат на Стејт департментот.
Според нив, при носењето на одлуката се воделе од принципите на „паритет и праведност“.

