Организацијата за безбедност и соработка во Европа одлучи да го евакуира целиот персонал од Украина штом тоа ќе го направи безбедно, изјави дипломатски извор за Ројтерс.
Потегот на ОБСЕ уследи по нападот на Русија врз соседна Украина.
Претходно генералниот секретар на ОБСЕ Хелга Шмит истакна дека набљудувачката мисија во источна Украина се прилагодува на новонастанатата ситуација по руската воена офанзива.

