Украинскиот пристанишен град Марипољ е под силен артилериски оган, а стотици експлозии одекнуваат низ градот, изјави дипломатски извор за Ројтерс.
Loading...
Марипољ е едно од најголемите украински пристаништа на Азовското Море и се наоѓа во близина на линијата на демаркација што ја држат сепаратистите поддржани од Русија во Доњецката област – која Владимир Путин ја призна како независна држава.
Окупацијата на Марипољ ќе и помогне на Русија да обезбеди директна копнена рута до Крим, украинскиот полуостров што Русија го анектираше во 2014 година.