Во Украина убиени 57, а ранети 169 лица

Сподели со своите пријатели

Украинскиот министер за здравство Олех Лашко изјави дека денеска 57 лица загинале, а 169 се ранети откако Русија извршила напад од целосен размер.

Во исто време, заменик-министерот за одбрана изјави дека силното руско гранатирање сѐ уште трае во источниот регион на Доњецк, пренесе Ројтерс.

Да потсетиме, претседателот на Русија, Владимир Путин синоќа во специјално обраќање до граѓаните на Русија соопшти дека донел одлука да започне специјална воена операција во Донбас.

Шефот на државата посочи дека руските планови не вклучуваат окупација на Украина. Путин ги предупреди и сите оние кои евентуално би можеле да се мешаат во ситуацијата во Украина.

Потоа, вооружените сили на Украина ја гранатираа територијата на ЛНР три пати за 35 минути и три населени места во ДНР, вклучувајќи го и Доњецк.