BBC објави сателитски снимки од напад на воена база во Харков (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Би-Би-Си објави сателитска снимка од нападот на воздухопловната база Чугуев кај Харков.

На фотографијата потпишана од Planet Lab се гледа како чад се издига над воздушната база на истокот на земјата.

Во текот на денот, Русија гаѓаше воздушни бази и други воени објекти низ Украина. Повеќето од најтешките борби досега се забележани околу Харков, вториот по големина град во Украина, објавија претходно американските власти.