Сирени и експлозии одекнуваат во текот на денот во многу украински градови, откако рускиот претседател Владимир Путин утринава објави дека одлучил Русија да започне специјална воена операција во Донбас. Наводно, во Киев се слушаат нови експлозии.
Имено, како што може да се види на видеото објавено на Твитер, штотуку одекна нова експлозија во Киев.
Во Киев е воведен полициски час и најавени се воздушни напади, а цели семејства побараа засолниште на станиците на метрото, кои властите привремено ги претворија во засолништа.
Луѓето во паника ги напуштаат градовите, а од раните утрински часови има редици на бензинските пумпи и пред банкоматите.
#Breaking Explosions in Kyiv#Ukraine #Ukraina #UkraineInvasion#UkraineRussia#UkraineCrisis #Russia #RussiaUkraineConflict#russianinvasion#Russian#RussiaUkraineCrisis #RussiaUcraina#Usa #Nato #UK #luhansk #Donbass #Russian#StandWithUkraine pic.twitter.com/mRoXJxHJhG
— The HbK (@The5HbK) February 24, 2022