Повеќе од 93.000 бегалци во Ростовската област

Сподели со своите пријатели

Секретарот на Генералниот совет на Единствена Русија Андреј Турчак изјави денеска дека повеќе од 93.000 бегалци од самопрогласените Луганска и Доњецка народна република се сместени во привремени прифатни центри во Ростовската област.

По посетата на Ростов, кој го прими главниот бегалски бран, тој рече дека повеќе од половина од бегалците се деца, пренесува Интерфакс.

Тој спомна дека родителите кои пристигнале од ЛНР и ДНР имаат потешкотии да ги сместат своите деца во училиштата.

„Има барање од родителите да ги сместат децата во училиштата и градинките. Јасно е дека луѓето кои се далеку од дома не можат да ја соберат потребната документација“, рече Турчак и го повика министерот за образование брзо да го реши проблемот.